Офанзивниот фудбалер на Барселона, Усман Дембеле, кој вчера го постигна последниот гол за победата на својот тим со 5:1 над Лион, ќе биде аут од игра меѓу три и четири недели. Веста беше потврдена на официјалниот сајт на каталонците, откако Французинот утринава помина медицински тестови.
Вчера 21-годишниот напаѓач се појави во игра 20-тина минути пред крајот. Против Лион тој го истакна 14-тиот гол од почетокот на сезоната.
Се очекува крилото да ги пропушти натпреварите за првенство против Бетис, Еспањол, Виљареал и Атлетико Мадрид, како и првиот дуел од четвртфиналето на Лигата на шампионите.