Реал Мадрид официјално го привлече дефанзивецот Едер Милитао, објави гигантот од Шпанија. „Белите“ се договорија со Порто за трансферот на дефанзивецот, кој потпишал за шест сезони со „белиот балет“. Неговиот договор е до 30 јуни 2025 година.
Според шпанскиот печат, Реал ќе плати 50 милиони евра за Бразилецот. Играчот, роден во 1998 година ќе му се придружи на неговиот нов тим по крајот на сезоната.
Ова е првиот трансфер на „Лос Бланкос“ по враќањето на Зинедин Зидан на челона тимот. Зизу се врати на функцијата 284 дена по заминувањето. Неговото назначување беше официјално објавено во понеделникот, откако Французинот го замени Сантијаго Солари.