Севиља очекувано го отпушти тренерот Пабло Мачин по серијата лоши резултати, кои кулминираа со елиминацијата вчера од Лигата на Европа.

Андалузијците отпаднаа по 3:4 против Славија во Прага, а шефовите одлучија да дејствуваат, откако тимот веќе забележа серија лоши резултати.

До крајот на сезоната, тимот ќе биде предводен од Хоакин Капарос, поранешен тренер на тимот, кој беше на чело во периодот 2000-2005 година, а за многумина, тој ја постави основата за успехот на тимот.

Падот на Мачин започна во почетокот на 2019 година, кога Севиља почна да дозволува често порази, кои ги извади од Топ 4 во Ла Лига и сега се на шесто место – на 5 поени од четвртиот Гетафе.

Во лигата, тимот освои само два од последните 11 натпревари, губејќи 5 последователни посети, вкупно 10 последователни натпревари се без победа и од раководството на тимот одлучија дека треба да дејствуваат.

Ова е десетта тренерска промена во шпанската елита во текот на сезоната – по две во Реал Мадрид, Селта и Виљареал, а една во Хуеска, Атлетик Билбао и Реал Сосиедад.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2019 15:20