Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку ќе ги пропушти претстојните дуели од квалификациите за ЕП 2020 на Белгија против Русија и Кипар поради повреда на стапалото.

Дваесет и пет-годишниот напаѓач го пропушти натпреварот на клупскиот тим Манчестер Јунајтед во текот на викендот против Вулверхемптон и не зеде учество во тренингот на Белгијците во понеделникот.

По направениот лекарски преглед од штабот на Белгија донесоа одлука да го ослободат Лукаку и тој се врати во Јунајтед да продолжи со рехабилитацијата.

Повредата на напаѓачот не е тешка и тој може да се врати да игра за натпреварот на Јунајтед против Ватфорд следната недела, објавија британските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2019 11:45