Мајката на практично исфрлениот од Пари Сен Жермен, Адриен Рабио упати тешки зборови кон клубот, откако го спореди нејзиниот син со „затвореник“.

– Не сакам повторно да го вознемирувам Адријан, велејќи дека тој не се чувствува многу добро. Но, тука станува збор за човечка страна. Ние сме скромни луѓе. Можам само да кажам дека тој се чувствува многу лошо, поради сето она што се случува. Адриен е како затвореник, тој е заложник на ПСЖ. Уште малку да го стават во зандана со сув леб и вода. Ситуацијата е ужасна, рече Вероника Рабио, која исто така е агент на нејзиниот син.

Играчот од средниот ред не играл за парижаните од 11-ти декември. Причината е што тој одби да го обнови договорот во текот на летото и оттогаш тренерот Томас Тухел не го вклучува во тимот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2019 14:00