Легендарниот шпански голман Икер Касиљас официјално доби нов договор во Порто, објавија од „Драгао“.
Вчера „Сан Икер“ откри дека ќе потпише договор за уште две сезони – до летото 2021, кога ќе има 40 години.
Денес, сепак од лисабонскиот клуб не ја објавија должината на договорот.
Икер го одигра својот прв меч за „змејовите“ на 15 август 2015 година. Тимот сега цели на титулата во Португалија и е во четвртфиналето во Лигата на шампионите.