Пако Хемез е новиот тренер на Рајо Ваљекано, одлучи Управата на клубот и тој ќе го наследи Мичел кој доби отказ по седум последователни порази.

Хемез (48) веќе бил тренер на Рајо Ваљекано од 2012 до 2016 година, а потоа работеше во Гранада, Круз Азул и Лас Палмас. Тој го потпиша договорот до јуни 2020 година.

Рајо Ваљекано е на претпоследно место во Примера со 23 поени и од безбедната зона го делат шест бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2019 18:27