Македонија ја порази Летонија со 3:1 во натпревар од групата „Г“ за квалификациите за ЕП 2020. Средбата на Арената Филип 2 во Скопје ќе се запамети по фактот дека тоа беше 100-тиот меч во националниот дрес на легендата Горан Пандев.
„Жолто-црвените“ отворија во 11-тата минута по гол на Езѓан Алиоски по асистенција на Пандев. Во 29-тата минута, Елиф Елмас, кој влезе како резерва, го удвои водството, откако ја искористи грешката во одбраната на гостите.
До крајот Пандев, Хасани и Несторовски пропуштија да реализираат, па резултатот се задржа до полувремето.
По паузата настапи пад во играта на тимот на Игор Ангеловски кои дозволија гол во 87-та минута преку Вјачеслав Исаевс. Само три минути подоцна, сепак, Елмас ги оформи конечните 3:1, а гостите завршија со играч помалку по вториот жолт картон на Андреис Сиганикс.
Во друг натпревар од групата, одигран во исто време, Израел и Словенија не се победија, откако одиграа 1:1 на стадионот „Сами Офер“. Во големото дерби на групата пак, Австрија загуби дома со 0:1 од Полска.
Во следното коло на 24 март играат Словенија – Македонија, Израел – Австрија и Полска – Латвија.