Иднината на Маурицио Сари како тренер на Челзи е сосема непредвидлива. Се очекува италијанскиот стратег да биде отпуштен пред крајот на сезоната, а опциите за негова замена се две.
Едната опција е доста изненадувачка – се работи за менаџерот на Вулверхемптон Нуно Еспирит Санто, кој се справува одлично на чело на „волците“. Тимот во моментов го зазема седмото место во Премиер лигата и стигнаа до полуфиналето на ФА Купот.
Втората е Френк Лампард. 40-годишниот ветеран е „сина“ легенда и моментално е на чело на второлигашот Дерби Каунти. Тој е фаворит на навивачите, но тој го нема потребното искуство, и неговото евентуално назначување навистина ќе биде сензационално.