Стивен Џерард по добротворниот судир на Ливерпул и Милан и синоќа изјави дека секогаш е специјално кога игра на „Енфилд“, особено кога е полн.

– Да се ​​игра против Милан со моите поранешни соиграчи и да го постигнам победничкиот гол е посебно чувство. Благодарам на сите кои дојдоа и не поддржаа нас. Момчињата одделија од своето слободно време за убава кауза и за да ги израдуваат приврзаниците, па браво и за нив, рече Џерард по мечот.

Запрашан за можноста Ливерпул да го стигне Манчестер Сити и да ја грабне титулата, легендата на Ливерпул одговори: „Тоа е дефинитивно во мојот ум. Но, јас се концентрирам на Ренџерс. Јас ќе фрлам едно око на „Енфилд“, исто така. Ќе бидам најсреќен човек во светот ако ја освојат титулата“



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2019 12:39