Играчот на Арсенал, Гранит Џака, не е сигурен за својата иднина кај „топџиите“. Џака смета дека е време да го преземе следниот чекор во својата кариера.

„Многу сум амбициозен, сакам да го направам следниот чекор“ изјави Гранит Џекка за „Тагблат“.

Интересно е дека минатата година Џака, кој е роден во Косово, потпиша нов петгодишен договор со Арсенал.

Дваесет и шест-годишниот фудбалер се приклучи на лондонскиот тим во 2016 година со трансфер од Борусија Менхенгладбах.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2019 13:42