Брегот на Слоновата Коска убедливо со 3:0 славеше против Руанда, во меч од шестото коло во квалификациите за африканскиот Куп на нации. Домаќинот беше фаворит и заслужено победи, а најголемо изненадување беше тоа што двете селекции играа во речиси идентични дресови.

Брегот во своите традиционални портокалови дресови, додека гостите беа дојдени со жолти дресови. И покрај големата сличност на боите, судијата дозволи мечот да се одигра во тие комбинации на двете селекции, а најголема мака имаа гледачите. Едноставно беше невозможно на ТВ преносот да се разликуваат кој играч е од која репрезентација.

Долу на теренот и публиката на стадионот можеше да ги разликува тимовите, едните беа со портокалови, другите со жолти дресови, но гледачите крај телевизорите, ја немаат таа привилегија, па проблем си имаа и коментаторите кои го пренесуваа дуелот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2019 02:11