Вчера стартуваше вториот круг од европските квалификации со 10 нови дуели од групите „Ц“, „Е“, „Г“ и „И“.

На терените на Стариот континент видовме некои доста интересни судири меѓу кои се издвојува дербито меѓу Холандија и Германија. Бундестимот поведе со 2:0 во Амстердам, по паузата „лалињата“ израмнија, но во последната минута Нико Шулц донесе многу важната победа за гостите. За Германците ова беше прв натпревар во квалификациите, додека Холандија веќе имаат 3 поени од убедливиот успех над Белорусија на стартот.

Во друг натпревар од групата, Белорусите изгубија со 1:2 како гостин на Северна Ирска.

Во група „И“ Белгија не сретна проблеми при посетата на Кипар – 2:0, и веќе има предност од 6 поени, а Русија го декласираше Казахстан со 4:0 како гостин. За „зборнаја“ ова беше првиот успех, откако претходниот круг тимот беше поразен од Белгија. Казахстан ја почна кампањата со убедлив успех над Шкотска (3:0), но вчера немаше сили да се спротивстави на својот сосед. Шкотска очекувано го совлада Сан Марино, иако само со 2:0.

Изненадувањето на денот беше победата на Унгарија над светскиот вицешампион Хрватска со 2:1, при тоа по пресврт. Велс, исто така, го забележа првиот успех во групата „Е“ откако победи со 1:0 проитв Словачка во Кардиф.

Во групата „Г“ Израел запиша втор пораз по вистинско гол-шоу против Австрија – 4:2. Доцни голови донесоа домашен триумф на Полска против Латвија, додека Словенија и Северна Македонија ремизираа 1:1.

Квалификации за ЕП 2020, 2. коло:

Од 15:00 часот

Група „Е“

Велс – Словачка 1:0 1:0 Џејмс (5 )

Група „И“

Казахстан – Русија 0:4 0:1 Черишев (19 ) 0:2 Черишев (45’+ 2) 0:3 Ѕујба (52) 0:4 Оздоев (62)

Од 18:00 часот

Група „Е“

Унгарија – Хрватска 2:1 0:1 Ребиќ (13) 1:1 Салај (34) 2:1 Паткај (76)

Група „Г“

Израел – Австрија 4: 2 0:1 Арнаутович (8) 1:1 Захави (34) 2:1 Захави (44) 3:1 Захави (54) 4:1 Дабур (66) 4:2 Арнаутович (74)

Група „И“

Сан Марино – Шкотска 0:2 0:1 Меклин (4) 0:2 Расел (74 ‘)

Од 20:45 часот:

Група „Ц“

Северна Ирска – Белорусија 2:1 1:0 Еванс (30) 1:1 Ставевич (33) 2:1 Магенис (87)

Холандија – Германија 2:3 0:1 Сане (15) 0:2 Гнабри (34) 1:2 Де Лихт (48) 2:2 Депај (64) 2:3 Шулц (90)

Група „Г“

Словенија – Северна Македонија 1:1 1:0 Зајц (34) 1:1 Барди (47)

Полска – Латвија 2:0 1:0 Левандовски (76) 2:0 Глик (84)

Група „И“

Кипар – Белгија 0:2 0:1 Азар (10) 0:2 Батшуаи (18).



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2019 09:26