Голманот на Ливерпул, Алисон, кој имаше сериозни јазични проблеми кога се пресели во Англија, изјави дека во новата средина се чувствува како дома.
Бразилецот во јули 2018 година од Рома направи трансфер во премиерлигашот вреден 62,5 милиони евра.
– Имав редовни часови по англиски јазик. Една од најтешките задачи со кои се соочив во почетната фаза од животот во Англија беше привикнувањето не толку кон Британскиот, туку кон акцентот на Ливерпул. Но, успеав да се снајдам. Сега можам да разберам и да комуницирам со моите соиграчи, што е навистина важно.
Овде се чувствувам како дома. Домот е местото каде што ви е срцето и каде е вашето семејство. Моето семејство е тука, ќерката и сопругата, додека моите родители доаѓаат кога можат, изјави Алисон за клупскиот сајт на Ливерпул.
Пред да дојде во Европа, Алисон Бекер три години бранеше во татковината за клубот Интернасионал.