Раководството на Пари Сен Жермен има намера да ја продолжи соработката со Нејмар, иако Бразилецот има да одработи уште три години според актуелниот договор.
Таткото на Нејмар соопшти дека постои голема веројатност неговиот син да остане во париз уште долго време.
Втора година по ред Нејмар е во ПСЖ, а има да одработи уште три години. Ние веќе преговараме за обновување на договорот. Нејмар беше предмет на шпекулации уште на 17-годишна возраст, кога дебитираше на професионално ниво. Тој имаше само два трансфера, но гласините за него се појавуваат сите овие десет години. Постои голема веројатност дека тој нема да замине, иако тој се споменува во секој трансфер прозорец како можно засилување за некој од врвните клубови. Претходно беше објавено дека голем интерес за Нејмар пријавуваат Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед.
Дваесет и седум годишниот Бразилец кој ги пропушти последните натпревари поради повреда, оваа сезона настапи на 23 натпревари за ПСЖ, постигна 20 гола и забележа 11 асистенции.