Манчестер Јунајтед подготвува рекордни 90 милиони фунти за дефанзивецот на Лестер, Хари Мегваер, пишуваат на Островот.
Доколку договорот стане реалност, англискиот репрезентативец ќе стане најскапиот дефанзивец во светот. Во моментов, оваа титула ја носи Вирџил ван Дајк, за кого Ливерпул плати 75 милиони фунти.
Дваесет и шест-годишниот Мегваер има договор со „лисиците“ до 2023 година, а раководството на тимот не се брза да се раздели со него.
Јунајтед продолжува да бара соодветни опции за одбраната откако не успеа да најде човек во последните неколку години за да го продолжи делото на Немања Видиќ и Рио Фердинанд.