Килијан Мбапе стана најмладиот фудбалер во француската репрезентација со одиграни 30 натпревари. Тој синоќа на дуелот со Исланд (4:0) го одигра 30-от натпревар за триколорите на возраст 20 години и три месеци.

Претходно Карим Бензема беше најмладиот во францускиот национален фудбалски тим со 22 години и девет месеци.

Мбапе дебитираше за Франција во 2017 година, на возраст од 18 години и 95 дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2019 09:44