Кристијано Роналдо ќе пропушти една до две недели поради повредата што ја претрпе на квалификацискиот натпревар со Србија синоќа во Лисабон.

Португалецот заработи повреда на задниот дел на бутот и беше заменет во 30 минута.

– Не сум загрижен, бидејќи го познавам моето тело. Ќе се вратам на теренот за една или две недели, изјави Роналдо за „Скај Спортс“.

Доколку се исполнат очекувањата на Роналдо, тој би можел да настапи за Јувентус во првиот меч на четвртфиналето на Лигата на шампионите со Ајакс. Овој меч е закажан за 10 април во Амстердам.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2019 10:55