Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бруин, продолжи со тренинзи откако закрепна од повредата на колкот, објавија англиските медиуми.

Белгиецот беше повреден на 2 март во натпревар против Борнмут и оттогаш отсуствуваше од теренот.

За потсетување, играчот ги пропушти натпреварите од квалификациите за ЕП 2020 против Русија и Кипар.

Покрај Де Бруин, во тимот на Сити се врати и капитенот Винсент Компани, кој имаше проблеми со мускулите.

Дефанзивецот Бранителот Џон Стоунс и играчот од средниот ред Фернандињо треба да се вратат наскоро.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2019 14:50