Италијанскиот репрезентативец, Џанлуиџи Донарума ќе го продолжи својот договор со Милан, вели „Кориере Дело Спорт“.

Според информациите, голманот ќе се поврзе со „росонерите“ до 2024 година.

Актуелниот договор на Џиџи со клубот од Милано е за уште четири сезони, но играчот има тенденција да го продолжи за уште 12 месеци.

Во моментов, 20-годишниот голман прибира шест милиони евра по сезона, а по потпишувањето на новиот договор, износот ќе се зголеми за еден милион.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2019 16:04