Со цел решавање на проблемот со кучињата скитници, општина Пехчево започна акција за заловување на кучињата преку склучување договор со фирма што ќе го врши заловувањето.

Како што информираше градоначалникот Драган Тренчовски, заловувањето на бездомните кучиња ќе се врши од страна на квалификувани лица на избраната фирма за заловување на кучиња – АД Ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово, на начин на кој нема да предизвика непотребна болка или страдање по животните.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2019 16:56