Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, ги прокоментира шпекулациите дека по крајот на сезоната ќе премине во Барселона.
За таков трансфер почна да се зборува веднаш откако „јорганџиите“ беа елиминирани од осминафиналето на Лигата на шампионите од Јувентус.
– Инфорамцијата за Барселона? Неможам да зборувам за тоа. Секоја година се „преџвакува“ истата тема и ја сум навикнат на тоа, рече Гризман откако Франција победи со 4:0 против Исланд во квалификаците за ЕП 2020.
Минатото лето, Каталонците беа подготвени да платат 100 милиони евра за напаѓачот. На крај, Гризман посака да остане во Атлетико и потпиша нов договор.
Во него, има износ за откуп, но веќе од 200 милиони евра. Почнувајќи од 1 јули цената, според „АС“, паѓа на 120 милиони евра.