Манчестер Јунајтед нема да го продава Пол Погба. Интерес за него има од Реал Мадрид и Јувентус.

Како што информира „ЕСПН“, клубот ќе ги одбие сите предлози за трансфер на францускиот играч од средниот ред ова лето.

Раководството на Јунајтед сака да го продолжи договорот со Французинот. Погба сепак сака да ја напушти екипата, затоа што сака да игра во тим кој има поголеми цели.

Халфот не гледа потенцијал во оваа фаза, за да постигне нешто големо со Манчестер Јунајтед.

Оваа сезона, 26-годишниот Пол Погба одигра 37 натпревари и постигна 14 гола со 11 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2019 19:05