Француската ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мабе се наоѓа во формата на неговиот живот.

Асот на ПСЖ се истакна со гол и две асистенции за „петлите“ при синоќешниот триумф со 4:0 над Исланд во квалификациите за ЕП 2020. Статистичарите пресмета дека 20-годишниот напаѓач учествува во погодоци за ПСЖ или татковината на секои 83.5 минутна игра. За целата своја кариера, Mбапе има 169 дуели во кои тој постигна 91 гол и 48 асистенции.

Во оваа сезона трансферната цел бр.1 на Реал Мадрид има неверојатни 26 гола и 5 асистенции во 23 натпревари во француската Лига 1. Во Лигата на шампионите истакна 4 гола во 8 дуели, но нема да има можност да блесне повторно, бидејќи ПСЖ отпадна во осминафиналето по драматичната битка со Манчестер Јунајтед.

Во текот на летото, Реал ќе направи офанзива за да го привлече младиот Французин. Се шпекулира за трансфер од 280 милиони евра, со што „кралевите“ ќе го скршат рекордот на ПСЖ. Во текот на летото на 2017 година „принцовите“ платија на Барселона 222 милиони евра за Нејмар, со што го претворија Бразилецот во најскапиот фудбалер во историјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2019 19:31