Напаѓачот на Челзи и аргентинскиот национален тим, Гонзало Игуаин може да се пресели во италијанска Рома во текот на летото, извести „Кориере дела Сера“. Таквиот потег е можен ако менаџерот на „сините“, Маурицио Сари го напушти „Стемфорд Бриџ“ и го преземе римскиот клуб, како што се шпекулира во последно време.

Игуаин сака да остане во Челзи ако Сари, со кого работеа заедно во Наполи, исто така, го задржи својот пост.

Триесет и едно-годишниот Аргентинец има 3 гола во 7 натпревари за англиската Премиер лига. Тој игра на „Стемфорд Бриџ“, откако беше отстапен од Јувентус на 23 јануари, а во текот на летото, лондонскиот тим има можност да го откупи целосно играчот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2019 01:09