Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Хенрих Михитаријан може да го напушти тимот во текот на летото, објавија британските медиуми.
Тренерот на „топчиите“ Унаи Емери планира да го засили тимот со цел пласман во Топ 4 на Премиер лигата. За таа цел потребно е клубот да се ослободи од некои сегашни фудбалери кои имаат високи плати, а еден од нив е 30-годишниот Ерменец кој заработува 180 илјади фунти неделно.
Слична судбина може да го снајде и Месут Озил кој добива 350.000 фунти неделно.
Оваа сезона Михитаријан настапи на 26 натпревари за Арсенал, постигна шест гола со шест асистенции.