Фудбалерот на Олимпик Лион, Набил Фекир е резервна опција во плановите за трансфер на Реал Мадрид, вели „Екип“. „Кралевите“ ќе започнат преговори со францускиот клуб за 25-годишниот фудбалер само ако не успеат да ги обезбедат услугите на халфот на Челзи – Еден Азар.

Фекир е светски шампион со Франција и е еден од најдобрите играчи на „децата“, а интересот за него е доста сериозен.

Минатото лето, тој беше пред трансфер во Ливерпул, но договорот пропадна во последната минута.

Договорот на Фекир со Лион истекува во 2020 година, а тој веќе одби неколку понуди на претседателот на клубот, Жан-Мишел Ола, за продолжување на договорот.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ги познава исклучително добро квалитетите на Фекир и би сакал да го види во белиот дрес уште од следната сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2019 16:03