Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, ја изрази својата среќа по официјалното назначување на Оле Гунар Солскјер за постојан менаџер за тимот.

Невил ги сподели своите чувства во социјалните мрежи штом официјално беше објавен договорот на Солскјер.

„Јас сум возбуден за Оле. Не мислев дека тоа ќе се случи, кога тој пристигна. Резултатите и духот на тимот, сепак, се исклучителни, откако тој дојде и несомнено го заслужува ова. Сега мора да биде поддржан од клубот на трансфер пазарот“, напиша Гери Невил.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 13:09