Раководството на Ливерпул воопшто не е загрижено од гласините за евентуален трансфер на Садио Мане во Реал Мадрид.

Медиумите на Островот се убедени дека Ливерпул нема да го продадат Сенегалецот за ниедна цена, иако нивните колеги во Шпанија и понатаму инсистираат дека Мане е искушуван од интересот на Зинедин Зидан кон него.

Ливерпул е во силна позиција, бидејќи напаѓачот потпиша нов долгорочен договор во ноември и е поврзан со клубот до 2023 година. Поради оваа причина од „Енфилд“ не обрнуваат никакво внимание на гласините и се цврсто решени дека ќе ја отфрлат секоја понуда од Реал, без оглед на големината на предлогот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 13:12