Попладнево се одиграа четири натпревари од 24.коло во Првата македонска фудбалска лига по кое Шкендија е чекор поблиску кон нова шампионска титула.
Тетовци славеа убедлив триумф на гостувањето кај Силекс, додека во градското дерби Вардар го победи Работнички.
Постигнати резултати:
Работнички – Вардар 0:2 Ренова – Беласица 3:2 Шкупи – Македонија ЃП 0:1 Силекс – Шкендија 0:3.
Натпреварот Победа – Академија Пандев е одложен.
Табела: Шкендија 53 бода, Вардар 45, Академија Пандев 42 (натпревар помалку), Ренова 33, Шкупи 3, Работнички 31, Македонија ЃП 29, Силекс 24, Беласица 19, Победа 18 (натпревар помалку).