Раководството на Милан одлучи да го казни својот фудбалер Франк Кеси со 40 илјади евра поради скандалот со својот клубски колега, Лукас Билија.

Кеси и Билија влегоа во конфликт за време на дербито помеѓу Милан и Интер (2:3).

Кеси беше заменет во 69-тата минута од Андреа Конти и изгледаше многу вознемирен како од својата лоша изведба, така и од резултатот, кој во тоа време беше 3:1 во корист на Интер. На патот кон своето место на клупата, очигледно 33-годишниот Билија му рече нешто на својот соиграч, кој реагираше исклучително остро.

Кеси на неколку пати замавна заканувачки, во обид да нанесе удар, а единствено брзите реакции на Инацио Абате, Рикардо Родригез и Фабио Борини спречија ситуацијата да ескалира.

„Росонерите“ почекаа дазавршат меѓународните обврски и Кеси да се врати за да го информираат за паричната санкција.

Малку е веројатно дека тој ќе се најде во сметките на Џенаро Гатузо за претстојниот натпревар против Сампдорија кој е во текот на викендот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2019 11:53