Атлетик Билбао има намера да врати три поранешни фудбалери кои ја започнале својата кариера во клубот. Се работи за играчите од средниот ред Андер Ерера и Хави Мартинез, како и напаѓачот Фернандо Љоренте.
Претседателот на Баскијците, Аитор Елисеги изјави дека има таква можност пред клубот.
Елисеги објави дека нема проблем за клубот да понуди 20 милиони евра за Мартинез.
Претседателот на Атлетик Билбао изјави дека ако тренерот Гаиска Гаритано објави дека ги сака тројцата играчи, одборот на директори ќе стори сé што може за да ги привлече.