Манчестер јунајтед ќе инсистира да добие двајца играчи во летниот трансфер прозорец. Според „The Independent“ играчот од средниот ред Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, како и бранителот на Реал, Рафаел Варан, се во сферата на интересите на „црвените ѓаволи“.

За купувањето на двата играчи лично се интересира и главниот тренер Оле Гунар Солскјер. „Трансфермаркт“ го проценува 19-годишниот Санчо на 80 милиони евра, исто толку и 25-годишниот Варан.

Оваа сезона Санчо одигра 35 натпревари за Борусија, постигна девет гола и даде 13 асистенции.

Варан, исто така, настапи на 35 средби за Реал постигнувајќи два гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2019 20:05