Директорот на Милан, Леонардо изјави дека досега мислата за разрешување на менторот Џенаро Гатузо никогаш не поминала низ неговата глава. Неговата изјава доаѓа како одговор на зборовите што тренерот го користел на неговиот последен брифинг.
Легендарниот поранешен играч од средниот ред изјави дека ќе каже „што навистина мисли“ за неговата иднина за два месеца. Оваа фраза го привлече вниманието на медиумите, бидејќи во принцип Гатузо има договор за уште 2 години.
Минатата ноќ, Леонардо зборуваше по поразот од 0:1 од Сампдорија, која дојде веднаш по оној од Интер 2:3 во градското дерби.
– Ние треба да бидеме зрели и да се справиме со моменталната ситуација, да ја надминеме и да ја постигнеме нашата цел да освоиме место за Лигата на шампионите. Рома и Лацио се исто така во борбата, но сега сме четворица и мораме да останеме таму, изјави поранешниот играч на Милан.
Тој додава дека иднината на популарниот Рино не е приоритет за клубот и не било разговарано за негова смена. На крајот сепак посочи дека 2 месеци се вечност во фудбалот и многу нешта може да се случат.
– Гатузо има договор со Милан, ова никогаш не било дебатирано. Отсекогаш сме биле многу јасни. Неговата иднина не е приоритет, и навистина бев изненаден што новинарите го прашаа за тоа. Тој е тука пред да се појавам јас, но ние никогаш не сме разговарале за идејата да го смениме. Ако еден ден освоиме нешто сонего, тоа ќе биде одлично бидејќи, тој напиша историја со Милан како фудбалер. Велејќи го ова, сепак, треба да се земе предвид дека 2 месеци е вечност во фудбалот, додаде Леонардо.