Весникот „Мирор“ продолжува да ги објавува платите, кои им се даваат на водечките тимови во Премиер лигата. Откако пред една недела изданието извади детален список на платите во Манчестер Јунајтед, сега го направи истото и со големиот непријател на „црвените ѓаволи“ – Ливерпул.
Во 2018 година, Ливерпул потроши сериозни трансфер суми за имиња како Вирџил ван Дајк и Алисон, кои се една од главните причини тимот на Јирген Клоп да води битка за титулата против Манчестер Сити годинава. Наби Кеита, Фабињо и Џердан Шаќири беа другите пополнувања во текот на летото.
За време на сезоната 2017/2018, Ливерпул беше на трето место според платите на играчите во Премиер лигата, а вкупните трошоци по оваа ставка изнесуваа 208 милиони фунти. Сега износот сигурно е повисок, ако се има предвид дека главни фудбалери како Мохамед Салах и Роберто Фирмино парафираа нови договори и ќе останат на „Енфилд“ до 2023 година. Логично, тие се лидери по надоместок во соблекувалната.
Целосен список на платите на Ливерпул:
Мохамед Салах – 200 илјади фунти неделно Роберто Фирмино – 180.000 фунти неделно Вирџил Ван Дајк – 150.000 фунти неделно Алисон Бекер – 120.000 фунти неделно Џордан Хендерсон – 120.000 фунти неделно Џејмс Милнер – 120.000 фунти неделно Наби Кеита – 120.000 фунти неделно Даниел Стариџ – 120.000 фунти неделно Фабињо – 100 илјади фунти неделно Дејан Ловрен – 90.000 фунти неделно Џорџино Вајналдум – 90.000 фунти неделно Ендрју Робертсон – 80.000 фунти неделно Џо Гомез – 75.000 фунти неделно Џоел Матип – 70.000 фунти неделно Натаниел Клајн (на заем во Бурнемут) – 70.000 фунти неделно Адам Лалана – 65 илјади фунти неделно Симон Мињоле – 60 илјади фунти неделно Дани Ингс (на заем во Саутемптон) – 60.000 фунти неделно Трент Александар-Арнолд – 50.000 фунти неделно Алберто Морено – 40.000 фунти неделно.