Италијанскиот напаѓач на Марсеј, Марио Балотели го запиша своето име во историјата на францускиот клуб.
Балотели ги реализира двата погодока за Марсеј при нерешениот резултат 2:2 во натпреварот од француската Лига 1 вчера против Анже.
Па така Супер Марио стана првиот играч на Марсеј по 50 години, кој постигнал гол во секој од првите пет домашни натпревари на тимот во кој учествувал.
За последен пат тоа му се случи на Јосип Скоблар во 1969 година.
Балотели и компанија се четврти во рангот со 48 поени, 8 поени од третиот Лион.
Пари Сен-Жермен е лидер со 77 поени, следен од Лил со 20 поени помалку.