Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Грисман се уште е опција за Барселона.

Французинот влегол во контакт со спортскиот директор на каталонскиот гигант, Ерик Абидал, објави „Мундо Депортиво“, повикувајќи се на „Радио Каталонија“.

Според медиумот, лидерот во Шпанија и актуелен шампион на земјата поставил услов на напаѓачот, за да го привлече. Тие сакаат тој да направи јавно соопштение во кое ќе признае дека минатата година згрешил, откако го прекршил усниот договор со Барселона и останал во Атлетико.

Трансферот на Гризман ќе се случи не порано од 1 јули, кога клаузулата за откуп во неговиот договор ќе биде намалена од 200 на 120 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2019 14:39