Напаѓачот на Селта Виго, Јаго Аспас кој се врати на теренот по закрепнувањето од повреда на задниот дел од бутот, постигна два гола вчеравечер на натпреварот од 29.коло од шампионатот на Шпанија со Виљареал (3:2) и се расплака по завршувањето на средбата.

Аспас реализираше во 50.минута и 86. до пенал, а потоа беше заменет во 90. минута и при тоа целиот стадион му аплаудираше.

Селта ја забележа седмата победа оваа сезона во Примера и со 28 бода е на 18. Место.

Во тековната сезона, Аспас настапи на 20 натпревари за Селта, постигна 11 гола и забележа две асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2019 15:46