Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне по триумфот во натпреварот од 29. коло од шпанскиот шампионат со Алавес (4:0) рече дека неговиот тим ќе се бори за секој бод на преостанатите средби до крајот на сезоната.
Оваа победа им овозможи на Атлетико да стигне до 59 бода во првенството доволно за во моментов второ место во Ла Лига.
Ја прикажавме нашата најдобрата игра оваа сезона. Сфативме на кој начин можеме да ја постигнеме целта и го применивме тоа. Атлетико има потреба од таква игра. Ние ја наметнавме нашата иницијатива и дејствувавме кохезивно. Ќе се бориме во Ла Лига до последниот здив, изјави Симеоне. Лидер во Примера е Барселона со 10 бода предност во однос на мадридскиот клуб.