Ливерпул на „Енфилд“ го победи Тотенхем со 2:1 во натпреварот од 32. коло на шампионатот на Англија и повторно е на првата позиција на табелата.

Роберто Фирмино ги доведе домаќините во водство со гол постигнат во 16.минута, изедначи Лукас во 70., триумфот за „црвените“ стигна со автоголот на Тоби Алдервирелд.

Со ист резултат Челзи на гости го победи Кардиф на првиот неделен премиерлигашки дуел.

Табела: Ливерпул 79 бода (32 натпревари), Манчестер сити 77 (31), Тотенхем 61 (31), Манчестер јунајтед 61 (31), Арсенал 60 (30), Челзи 60 (31),…



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2019 02:38