Трите водечки екипи во Првата македонска фудбалска лига забележаа победи во денешните натпревари од 25. коло.

Шкендија беше убедлива против Победа, додека Вардар и Академија Пандев до трите бода стигнаа потешко од очекувањата.

Постигнати резултати:

Академија Пандев – Ренова 2:1 Беласица – Шкупи 2:0 Македонија ЃП – Работнички 1:1 Шкендија – Победа 5:2 Вардар – Силекс 1:0.

Табела: Шкендија 56 бода, Вардар 48, Академија Пандев 45, Ренова 33, Шкупи 33, Работнички 32, Македонија ЃП 30, Силекс 24, Беласица 22, Победа 18.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2019 03:17