Екипата на Ливерпул вчеравечер го победи Тотенхем во натпреварот од 32. коло на шампионатот на Англија со 2:1 и ја продолжи серијата на домашни натпревари без пораз. „Црвените“ имаат 37 средби на свој терен без да загубат со што се изедначија со Манчестер сити на втората позиција на вечната листа.

Убедливо прв според оваа статистичка категорија е Челзи.

„Сините“ од Лондон немаат загубено дома 86 натпревари по ред во серијата од 20 март 2004 година до 26 октомври 2008 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2019 10:15