Ванда Нара, сопругата и агент на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, соопшти дека нејзиниот сопруг е подготвен да се врати на теренот.

Аргентинецот не настапи синоќа во поразот на „неро-азурите“ од Лацио (0:1). Тренерот Лучијано Спалети, го објасни отсуството на играчот поради неговото однесување.

Мауро е подготвен да игра. Се зависи од одлуката на тренерот. Може ли да се однесува поинаку? Се зависи од тоа како ја гледате ситуацијата. Сè уште не ја слушнавме неговата верзија. Ја чека можноста да игра. Целиот натпревар камерите беа насочени кон него. Се разбира, тој се грижи за своите соиграчи, но тој не мора јавно да зборува за тоа, изјави Ванда Нара. Поради несогласување со раководството на клубот, Икарди не е во тимот повеќе од еден месец. Последен пат влезе во игра на 9 февруари.

Икарди беше лишен и од капитенската лента. И покрај тоа, тој и понатаму останува најдобар стрелец на клубот оваа сезона со 15 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2019 11:33