Тројца навивачи се хоспитализирани по натпреварот од 31.коло во Шкотскиот фудбалски шампионат меѓу Селтик и Ренџерс.

Дербито одиграно вчера на „Селтик Парк“ во Глазгов заврши со победа на Селтик (2:1), но и судири меѓу навивачите. Во тепачките во центарот на градот по завршувањето на натпреварот тројца беа прободени со нож.

Полицијата на Шкотска потврди дека има повредени од ладно оружје, но не не соопшти повеќе детали за инцидентот. статус се уште не е достапен.

Претходно, во пресрет на големото шкотско дерби, полицијата уапси шест лица поради нарушување на јавниот ред и мир.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2019 14:50