Јирген Клоп се надева дека повредата на Ван Дајк не е сериозна.
Холандскиот репрезентативец се судри со Муса Сисоко од Тотенхем во 85-тата минута во вчерашното дерби, додека го бранеше голот при бројчана предност за напаѓачите на лондонскиот тим.
Запрашан за состојбата на Ван Дајк, Клоп изјави: „Ќе видиме. Тој се повреди при контрата, кога Сисоко го удри. Не знам дали има исчашување, или е едноставно силен удар, но го видов како се шета со кеса со мраз. Се надевам дека тоа не е сериозно, не можам сега да кажам“.
Ливерпул го доби натпреварот со 2:1 и повторно се искачи на чело на табелата во Премиер лигата.