Францускиот фудбалски шампион Париз Сен Жермен постигнал договор со шпанскиот играч од средниот ред, Андер Ерера, објави „Дејли рекорд“.
Дваесет и девет-годишниот Еера има договор со Манчестер Јунајтед до летото, а потоа станува слободен агент.
Халфот се разбрал со Парижаните за тригодишен договор со неделна плата од околу 170.000 евра, што е за 50.000 евра повеќе од неговата плата на „Олд Трафорд“.
Ерера има 26 натпревари за Манчестер Јунајтед оваа сезона со 3 гола и 3 асистенции.