Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) одлучи дека системот на ВАР нема да се користи за време на финалниот плејоф дуел во Чемпионшип лигата. Дуелот е со огромен залог, откако се проценува дека победникот ќе добие 180 милиони фунти – што го претвора во најскапиот фудбалски натпревар.

Поради оваа причина, се претпоставуваше дека Лигата ќе го одобри користењето на системот, со кој „Вембли“ располага во секој случај. На крајот, оваа идеја беше отфрлена поради причината што оваа технологија не беше користена во Премиер лигата или Чемпионшип дивизијата оваа сезона, туку само во некои од дуелите од ФА Купот.

Во финалниот плејоф натпревар, што ќе се одигра на „Вембли“ на 27-ми мај, сепак, технологијата за гол-линија ќе се користи.

Од следната сезона ВАР ќе биде официјално воведен во Премиер лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2019 20:08