Виљареал и Барселона одиграа 4:4 во натпревар од 30. коло од шампионатот на Шпанија. Гостите поведоа со 2:0, Виљареал направи целосен пресврт и стигна до 4:2, за на крајот Каталонците да изедначат и стигнат до бод.
Головите за Виљареал ги постигнаа Чуквезе (23. минута), Екамби (50), Ибора (62) и Бака (80).
За Барселона погодија: Кутињо (12), Малком (16), Меси (90) и Суарез (90+3).
На другите два вчерашни натпревара во Примера: Атлетико Мадрид – Жирона 2:0 Еспањол – Хетафе 1:1.
Води Барселона со 72 бода, пред Атлетико со 62.