Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, ја доби наградата „Енцо Беарцот“ која им се доделува на најдобрите италијански тренери.
Признанието се доделува во чест на легендарниот тренер Енцо Беарцот кој во 1982 година ја предводеше Италија до титулата Светски шампион.
Ова е неверојатна чест, особено затоа што Енцо ми дозволи да дебитирам за италијанската репрезентација во 1984 година, изјави Манчини за сајтот на Италијанската фудбалска федерација. Заедно со Манчини за наградата конкурираа и Џенаро Гатусо од Милан и Џан Пјеро Гасперини од Аталанта.