Душан Тадиќ би можел да биде уште еден од играчите кој ќе го напушти Ајакс на крајот од оваа сезона.
Српскиот фудбалер има одлична сезона сезона, тој е еден од најдобрите играчи на Ајакс и е носител на играта на тимот од Амстердам.
Тадиќ изјави дека е среќен во тимот и има сè што му е потребно, додека холандските медиуми пишуваат дека тој има договор да остане и во следната сезона.
Сепак, според последната изјава на Тадиќ, тој би можел да го напушти клубот.
– Фудбалот е непредвидлив. Понекогаш мислите дека останувате, па некои работи се случуваат. Му реков на мојот менаџер да не зборува со мене до крајот на сезоната, бидејќи сакам да се концентрирам на дуелите, изјави тој за холандските медиуми.
Ајакс во осминафиналето на Лигата на шампионите го исфрли шампионот Реал Мадрид и ќе игра со Јувентус во полуфиналето.
Феноменалната сезона на холандскиот гигант значи и заминување на голем број играчи, а прашањето е дали Тадиќ ќе биде меѓу нив следната година или, како еден од најискусните, ќе одлучи да остане на арена „Јохан Кројф“.